Поради отсуство на адвокат на медицинска сестра која требаше да сведочи на барање на Обвинителствотообвинета во случајот на родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која ѝ беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, денеска по трет пат се одложи рочиштето.



Ново судење во Основниот суд во Струга е закажано за 9 мај, со образложение дека адвокатот имал хирушка интервенција., дознава „Плусинфо“.

Оштетената Веапоска смета дека постапката се одолговлекува од почетокот и оти ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.

Таа вели дека сака законски да одговараат оние поради кои останала без матка, јајник и бубрег.