Се чини, многу е неизвесна најавената „експертска“ влада на кандидатката на најмногубројната во парламентот, најавена од коалиција Герб/СДС, Марија Габриел.

Николај Денков, претставник од ривалската – „Продолжување на промените/Демократска Бугарија“ – коалиција на екс премиерот Кирил Петков не очекува во пратеничката група да има луѓе кои би го поддржале предлог-кабинетот „Габриел“ со првиот мандат на ГЕРБ.

„Немаме грижи, животот е шаренолик, но јас лично не очекувам некој од нашите пратеници да гласа за првиот мандат“, коментира тој.

Денков беше категоричен – ПП/ДБ нема да ѝ помогне на ГЕРБ со отсуство на пратеници, со што би се намалил кворумот во парламентот, пренесуваат бугарски медиуми.

Изјавата доаѓа откако кандидатката за премиерка Марија Габриел разговарала со ДПС и ИТН за да им се заблагодари за нивната поддршка за експертска влада.

За нас прв приоритет е народот“, најави таа пред медиумите во Народното собрание.

Составот на евентуално идната бугарска влада предводена од Марија Габриел ќе биде објавен во понеделник, кога кандидатот за премиер треба да му го претстави мандат за формирање влада на претседателот Румен Радев.