Пак превртени цистерни со опасна материја во Србија

Два вагона-цистерни со фосфорна киселина денеска се излизгаа од пруга во Зајечар, но нема истекување ниту опасност по луѓето и околината, соопштија од компанијата „Србија Карго“.

Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот во станицата Зајечар.

„Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“, се наведува во соопштението.

Во последниот месец дена во Србија имаше два случаи на излетување на вагони-цистерни со опасна материја.