Овој пат, на денешното судско рочиште за Модуларната болница Тетово, не се појави адвокатот на второобвинетиот Артан Етеми.
Во Основниот суд во Тетово се очекуваше денеска да се прочитаат завршните зборови, но рочиштето е одложено за 29 мај.
Инаку и утринава пред да започне судењето пред Основниот суд во Тетово, тетовци одржаа мирен собир за поддршка на третообвинетиот доктор Бобан Вучевски.
Според второобвинетиот Етеми, кој се товари за кривично дело – тешки дела против општата сигурност – неговиот адвокат поради здравствени причини не можел денеска да присуствува на закажаниот процес.
Судијата Јордан Велов кој го води предметот, побара да биде доставена здравствена белешка и посочи дека на 29 мај завршните зборови ќе бидат секако прочитани, независно дали одбраната на второобвинетиот ќе биде или нема да биде на рочиштето.
И минатиот месец беше одложено читањето на завршните зборови…
Тогаш, првообвинетиот Флорим Бесими, поранешен директор на Клиничката болница, кој исто така се товари кривично дело – тешки дела против општата сигурност на дојде на рочиштето.
Пожарот во модуларната во кој загинаа 14 лица се случи на 8-ми септември 2001 година.
Во октомври 2021 година, по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен апарат за реанимација.
