Државјанин на Турција (59) починал на лет од Германија, поради што авионот морал принудно да слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Тоа се случило утрово околу 4 часот и 40 минути, соопштија од итната помош.

Како што навела службата, на турскиот државјанин му се слошило за време на летот, па авионот морал принудно да слета на белградскиот аеродром, но кога пристигнала итната екипа можеле само да констатираат дека е мртов, јави б92.

Ова е втор инцидент за неполна недела со принудно слетување на белградскиот аеродром.

Поради девојка (20) од Велика Британија на која и се слошило во авион по тешка инфекција по оперативниот зафат во Турција, авионот со кој се враќала дома морал принудно да слета.

Морган Рибеиро (20) од Велика Британија, која имаше операција на желудникот во Турција, почина во Белград откако и се слоши во авионот додека се враќаше дома.

Таа, на почетокот на јануари, отпатувала во Турција со своето момче со цел да направи операција на желудникот, која ја платила околу 3.000 евра.