Пак дојави за бомби – евакуирани две училишта во Скопје

„Денеска во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија МВР.

Учениците веднаш биле евакуирани…