„Во оваа пропадната земја наместо да им се решаваат проблемите на граѓаните, тие се соочуваат со нови измами од политичките партии и нивни ѓаволски заткулисни активности, за да добијат макар една ‘коска’ од власта“ – реагира Насер Пајазити, основачот и директор на информативната агенција на албански јазик ИНА, во врска со најновите преговори за проширување на владејачкото парламентарно мнозинство и за влез на Алијансата за Албанците во Владата.

На својот фејсбук-профил Пајазити пишува: „Маршот кон Германија“ се очекува повторно да биде ураган, кој ќе ја испразни оваа пропадната земја.

Таа останува од ден на ден без млади, без гласачи, со се помалку надеж!

Ова е земја каде што наместо понуда и решавање на проблемите се соочуваме со веќе видени измами и ѓаволски заткулисни случувања, за да се добие една ‘коска“ од власта.

Станува се понеиздржливо!