Пајазити: Кога ќе заврши оваа опасна глупост на вработување Македонци како Албанци?

Насер Пајазити, новинар и директор на Новинска агенција „Илирија“ (ИНА), со осуда за лажното претставување на Македонци како Албанци заради вработување, тренд продолжен и на конкурсот на Општина Куманово.

„Продолжува трендот на вработување Македонци декларирани како Албанци. И нема запирање.


Денеска излегоа резултатите од конкурсот на Општина Куманово. Осуммина Македонци по име и презиме биле вработени како Албанци.

Кога ќе заврши оваа опасна глупост? Што ќе кажат за овој конкурс првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, но и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и општинските советници Албанци?

Кривичниот законик јасно вели дека тој што дава лажни податоци во управна постапка, односно во случаи како овој ‘турли таве’ конкурс, се казнува со затвор од 1 до 3 години. Но, и одговорните институции сносат кривична одговорност.

Значи, во управната постапка, доколку се изведат невистинити (фалсификувани) докази, следува казнување по член 366-а. Тоа може да се докаже со лични документи (извод од Матичната книга на родените, известување, пасош…).

Дури и при пријавувањето за лични документи и во евиденцијата на МВР се внесуваат и податоците за националноста.

Затоа, горенаведените треба да постапат затоа што имаат законски и јавен мандат и одговорност, а се еднакви пред законот!“, коментира Пајазити на Фејсбук.