Фото Лидер.мк

По разрешувањето на директорите на детската клиника и на клиниката за онкологија при клиничкиот центар во Скопје министерот за здравство од Алтернатива менува уште една моќна директорка.

Министерот Беким Сали донесол одлука за да биде разрешена Ирина Пановска, директорка на Клиниката за Хематологија позната како дел од блиските кругови на екс министерот Венко Филипче и Зоран Заев.

Пановска е ќерка на еден од најмоќните луѓе во фармацевтскиот бизнис.

Во 2018 година порталот Лидер објави дека Пановска дала набавка од 3 милиони евра без тендер за фирмата на нејзиниот татко но досега обвинителството не објавило ништо за тогаш починатата истрага.

Засега нема информации кој е конкретниот повод за смена на моќната Пановска.

Повеќе за старата афера на Пановска на Лидер.мк

Со Пановска без успех се занимаваше и Антикорупциската комисија.

Претходно минатата недела директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова и директорот на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија Нино Васев си поднесоа оставки од позициите.

Тие си заминаа од директорските функции по барање на министерот за здравство.

Детали зошто е побарано тие да си заминат од позиците засега нема, но оставките дојдоа непсредно по информациите за неправилности поврзани со дежурствата и платите на Детската клиника, како и за немањето терапии за рак на Клиниката за онкологија.