Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден падна на 36% оваа недела. Тоа е најнискиот рејтинг од почетокот на неговиот мандат, бидејќи инфлацијата го зема својот данок врз животите на Американците, според истражувањето на Ројтерс/Ипсос.
Дводневната национална анкета покажа дека 59 отсто од Американците не ја одобруваат работата на Бајден.
Рејтингот на Бајден падна под 50% во август 2021 година и се движи околу најниското ниво.
Популарноста на Бајден паѓа бидејќи инфлацијата се искачи на највисоко ниво во последните 40 години во јуни од 9,1 отсто
Руската инвазија на Украина помогна да се зголемат цените на горивото. Пандемијата COVID-19 ги нарушува глобалните синџири на снабдување.
Рејтингот на Бајден во неговата партија падна на 69% оваа недела од 74% една недела порано. Само 11% од републиканците го одобруваат неговиот настап на функцијата.
Доколку ова продолжи Бајден може да го „достигне“ нискиот рејтинг на неговиот претходник, Доналд Трамп, чија популарност го достигна дното на 33 отсто во декември 2017 година.
