Претседателот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, добил наредба од инспектор за уривањее негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно–урбанистички план.

Одлуката се однесува на два објекти од 170 и 89 метри квадратни.

„Урбанистичката и градежната инспекција на Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на чело со министерката Ана Новаковиќ Ѓуровиќ денеска (вторник) донесе решение со кое на субјектот Мило Ѓукановиќ му наложи да урне два бесправно изградени објекта во КО (катастарска општина) во Никшиќ“, пренесе Слободен печат.

Во решението, рокот за извршување на таа наредба е 20 дена од денот на приемот, а доколку Ѓукановиќ во тој рок не ги урне тие објекти, тоа ќе го направи државата на негова сметка.

Мандатот шеф на државата, на Мило Ѓукановиќ му истекува во мај.