Паѓа цената на дизелот, се зголемува на бензините

Регулаторната комисија донесе одлука од полноќ да се намали малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар за лират и за 0,5 денари на лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Истовремено за еден денар ппоскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и за половина денар бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Од вечерва, во 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 85,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 72,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 71,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 39,391 (денари/килограм)