Падот на Јанева урива низа предмети на СЈО, меѓу кои и „Империја“

По пресудата за Катица Јанева експертите предупредуваат дека ќе се случи злоупотреба на правото ако продолжат низа случаи на СЈО особено случајот ,,Империја’’ каде осомничен е еден од луѓето кој бил уценуван од Катица Јанева и Боки 13.

Во западните правни системи пред се во САД пропаѓаат сите предмети каде е утврден било каков криминал на обвинител.

Ова правило важи особено ако обвинителот гонел човек кој бил жртва на негов криминал како што се работи за бизнисменот Орце Камчев во постапката за,,Империја’’ каде е докажана злоупотреба на Јанева и затоа таа не може да продолжи.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во вчерашното издание на емисијата ,,Што не е јасно’’ на Алфа ТВ дава одговор на прашањето зошто во јавноста се уште има сомнеж дали со пресудите на Боки 13 и Катица Јанева случајот е целосно расчистен.

Калајџиев во емисијата зборува за пресудите, реформите во судството и активностите на разузнавачките служби потенцирајќи ја недовербата во веродостојноста на случаите со кои Јанева има лична кривична но и институционална врска како шеф на обвинителство.

Во врска со отворените случаи и активностите на СЈО за време на мандатот како и причината зошто голем број не беа ни стигнати да бидат почнати, а се отвораа нови предмети Калајџиев смета дека биле прекршени низа законски претпоставки и рокови по дел од предметите како на пример “Империја” и затоа тие мора да бидат прекинати.

,,СЈО требаше да ги завршат предметите што им беа приоритет. Отворија дури и повеќе предмети и немаа дури капацитети да ги затворат. Прво матичниот, главниот – кој прислушкувал, брука е да помине еден цел период, една нова Влада, ова почна уште кога беше Груевски на власт, 5 години од аферата со прислушкување и сите приказни од главниот предмет, да не е ни почнат’’
Според него, нескромните тактики на СЈО, односно, отворањето на нови предмети пред завршување или воопшто започнување на старите довело до пораз на сите фронтови кои ги отвориле. Практично, со отворањето на новите предмети СЈО го прекршува и рокот од Членот 22 од Специјалниот закон кој според него е се уште сериозно проблематично правно прашање.
По истекот на тие први 18 месеци, во еден момент се решија на тој погрешен чекор да се направат ,,на тошо’’ за рокот од Членот 22 од Специјалниот закон кој уште е проблематичен бидејќи сега Владата се надева дека искочила попаметна од Врховниот суд и дека донела нов закон, го згаснала обвинителството и тој веќе нема да важи. Ако некои предмети требало по некој закон важечки да завршат и да бидат сопрени, а вие со сила ги продолжите отпосле, тоа е проблем. Исто како што ќе биде проблем, вие се сеќавате и СЈО кога беа, беа сериозен правен проблем и ќе бидат пред Стразбур- помилувањата ’’, вели Калајџиев.

Според него, случајот ,,Рекет’’ и донесената пресуда се доказ за злоупотреба на постапката и ,,Империја’’ и според сите правни и судски одредби тој не треба да продолжи.

Елаборирајќи го својот став тој изнесува компаративна анализа при водењето на случаите во земјава со земјите кои како што вели имаат сигурен правен поредок и здраво судство.

,,Сега СЈО повторно го отвори, пред 2 години, искочија со прес изназбореа – презумција на невиност – нула, изназбореа како краделе, што правеле.. Притвор, замрзнување.. поминаа 2 години, каде се? Каде е обвинението?
И сега, финалето е со судска пресуда дека овој предмет искача дека е злоупотребен како што тврди и самиот Камчев. Дека е измислен, изваден од фиока за да му се земат пари.
И да не е така, самиот факт дека е злоупотребена постапката, барани се пари, има пресуда за тоа – овој предмет мора да се затвори. Тоа се вика Аbuse of justice, имате злоупотреба на правото. Предмети што и така се водат 2-3 години, а не може да почнат, нема материјал , во нормален свет има, врзано со брзото судење, судење во разумен рок, во повеќе западни држави, во САД и Европа, имате граници. Ако во Холандија за 2 години нема обвинение, готово со тој случај.
А, овде имате плус и злоупотреба. И допрва ништо, сите се ситат и допрва ќе се истражува предметот. Тоа е несигурно, правната сигурност покрај правдата и вистината се многу важни за еден правен поредок.’’, смета професорот Калајџиев експерт по кривично право според кој низа предмети кои ги водеше Катица Јанева како шеф на СЈО, меѓу кои и Империја, мора да “паднат”.