Министерството за здравство за прв пат откри позитивни случаи на ковид-19 од Дојран: Шесте лица детектирани преку центарот за јавно здравје во Гевгелија потекнуваат од подрачјето на општина Дојран, потврди епидемиологот д-р Сашко Олумчев.
Тој информираше дека покрај шестемина заболени од ковид-19, во општина Дојран во изолација се ставени уште 20 лица што веќе имале контакти со заболените и дека состојбата будно се следи.
Вчера беше објавена рекордна бројка од 241 нов случај на коронавирусот.