Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, преку објва на социјалните мрежи апелира да го добие лекот „трикафта“:
„На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите, објави тој Фејсбук.
„Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИ ГОСПОДА.
Уште колку време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво…
Или повторно чекате да се вратам во болнички креветПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете“, пишува Пехчевски кој ги прозива претседателот на државата, премиерот, Владата.