“Па што не умре”: Дошла по лекови за мајка си, лекарот ја стаписал

Поранешна новинарка во повеќе медиуми открива нехумано искуство со лекар во врвна македонска здравствена установа.

Отишла да набави лекови за мајка и а добила прашање поради која и самата мора да прима лекови за смирување.

“Еден началник во ГОБ треба да и ја обнови листата на лекови на мајка ми: Колку години има, ме прашува.
-80 и кусур, му велам.
-Па што не умре? Ме стаписа! Ама докторе мајка ми е, разбирате?!
-Па што, стара се мачи и вас ве мачи,вели “хуманистов”.
Трет лексилиум ми е денес.😪🤯”, пишува новинарката која не може да се помири со искуството на член на медицинската фела која важи за најхумана и која токму поради вакви исклучоци во своите се соочува со стигма кај дел од граѓаните.