Овации за Симон Трпечески во Грција и Државниот филхармониски оркестар на Солун

Македонскиот пијанист Симон Трпчески со овации ја затвори сезоната на Државниот филхармониски оркестар на Солун. Тој настапи вчеравечер на Универзитетот Аристотел во Церемонијалната сала под диригентство на Милтос Логиадис.

Грчкото оркестарско деби на Трпчески сенадоврза на серијата концерти која во последните 2 месеци го одведе на големите сцени во САД и Шпанија, Сараево, Љубљана и Виена, соопшти Здружението КултурОп.

Концертната турнеја на Трпчески продолжува и во наредните месеци. Тој ќе има настап и на фестивалот „Д Фестивал“ каде ќе го претстави проектот „Македонисимо“. Но македонскиот пијанист го очекуваат концерти во Литванија, Германија и Хрватска.

Фото: КултурОп