Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги врши последните подготовки за големиот антивладин протест што ќе се одржи на 18 јуни, сабота, пред зградата на македонската влада.

Вечерва со порака за митингот се јави локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.

,,❗Оваа власт мора да замине
❗Ова не е борба за власт
❗Ова е борба за достоинствен живот
18.06.2022 тргнуваме од пред Симпо во 19:00 часот”, порачува претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски повикувајќи ги сите членови и граѓани незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ, да се приклучат на протестот.