„Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли“ реагира ВМРО-ДПМНЕ за вчерашното чествување на македонскиот револуционер Гоце Делчав.
„Ова ли е заедничкото пријателство со Бугарија за кое СДС и ДУИ говорат.
Постојани навреди, закани, омаловажувања кои доаѓаат од источниот сосед, додека Владата нема никаков одговор. Историска комисија чии позиции се сомнителни и без јасни ставови. Никој од јавноста не знае за што се преговара и кои се македонските позиции.
Како што се неспособни од власта на Ковачевски и Ахмети во економијата, енергетиката, стопанството, тие се неспособни и во менаџирањето на односите и во секој еден од сегментите водењето на држава“, велат од опозициската партија.
