Премиерот Заев и претседателот Пендаровски не откриваат што навистина бара бугарската влада.
Од Софија се инсистира на таканаречена историска вистина по бугарски терк но не се кажуваат детали.
На социјалните мрежи денеска се појави објава на бугарската влада од втората светска војна во која Бугарија беше на страна на фашистичката коалиција со Хитлер и Мусолини.
Во документот – декларација се зборува за официјална позиција на Бугарија за Македонија и бугарскиот народ во неа.
Сличноста на бугарската реторика од времето кога Софија беше со фашистите неминовно го наметнува прашањето дали ова е историската вистина која сега се бара да ја прифати Македонија за да влезе во ЕУ.