Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека сериозно го сфаќа негирањето на Русија за вмешаност во ракетната несреќа во Полска, додавајќи дека најверојатно станува збор за техничка грешка.
„Морам да ја почитувам позицијата на Русија, која рече дека ова не е нејзин проектил. Тоа е важно за нас“, рече Ердоган.
„Се сретнав со германскиот канцелар Олаф Шолц. Општ е впечатокот дека оваа ракета не е од руско производство и оваа изјава го отвора патот до одредени факти, па затоа не треба да се инсистира дека оваа ракета е лансирана од Русија. Ова би било провокација“, рече тој.
Тој додаде дека „мирот може да се воспостави само преку дијалог“. Турскиот лидер повика и на темелна истрага за инцидентот.
„Се обидуваме што поскоро да ги ставиме Русија и Украина на иста преговарачка маса. Во овој поглед, сметаме дека таков метод како провокации не е точен. Патот до мирот лежи во дијалогот“, додаде турскиот претседател.
