Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, ги коментира реакциите во Бугарија и во Македонија за тепањето на секретарот на клубот на Бугарите „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков.
„Добрите соседи ни шибаат протестни ноти за кафеанска тепачка, која благе везе нема со ‘национална самосвест’.
Па и си го собираат ‘освестениот’ да го ‘лечат’ кај нив. Со сите почести, пази.
Државниот ни врв одма се истрча со осуди.
Истиот тој државен врв си молчеше кога поранешен европратеник (не локален лик) лабаво го навредуваше цел македонски народ во центарот на Скопје. Токму тој град, каде Гоце Делчев посакал да почива – главниот град на самостојна Македонија.
Толку.
Отвори се земјо…“, вели професорката на Фејсбук.