Екс директорот на Асоцијацијата на електронски медиуми на Македонија Виктор Грозданов во отворно писмо до претседателот Пендаровски и сите политички лидери анализира како Македонија понижувајќи го сопствениот официјален јазик доживеала национален пораз и тоа преку своите национални медиуми и институции.
„Бидејќи Ве прават слепи при очи би сакал да ја расчистам маглата што ја сеат одредени лица.
Секоја чест на коментаторите од Арена Спорт. Врвно и неповторливо, ама на јазик кој не се говори во Македонија зошто не е официјален.
Отвараме преговори за влез во ЕУ со глава 23. Медиуми. Тоа значи интелектуална сопственост и почитување на Уставот.
Како пример: Пред 10-15 години Бундес лигата ги продаде правата на Еуроспорт. Што мислите на кој јазик се коментираше во Португалија, Шпанија, Унгарија или пак Франција?
И едно прашање во врска со јазикот: А, што ако беше на Бугарски?
И во онаа Југославија Таско, Каљо, Миленко, Вања, Зоки Михајловски, Ивко Панговски коментираа на Македонски. Бидејќи беше службен казик.
Одговорот е следен:
Секој што купил ексклузивни права за Македонија мора недвосмислено и без никакви преговори да коментира на Македонски јазик (значи наши спортски новинари) и поради интерес на друга бројна публика како што впрочем функционира АлСат-м (албанска и македонска редакција) коментирање на Албански мин 35% од вкупната програма со спортски коментатори од Македонија.
За жал, оние кои ги плаќаме даваат одговор кој не доведува во подредена ситуација која што финансиски се исплати само на Арена Спорт и нормално нашиот Телеком бидејќи овој спортски канал го има само таму, а оваа компанија само го подига бројот на претплатници и се однесува рамно на монопол (погледнете ги извештаите на АЕК од 2010, па наваму). Суштината на разбивањето монополи е во Must Offer до сите кои даваат услуги на крајниот потрошувач неговото височество Граѓанинот на Македонија.
Бијќи Ве прават слепи при очи би сакал да ја расчистам маглата што ја сеат одредени лица.
Секоја чест на коментаторите од Арена Спорт. Врвно и неповторливо, ама на јазик кој не се говори во Македонија зошто не е официјален.
Отвараме преговори за влез во ЕУ со глава 23. Медиуми. Тоа значи интелектуална сопственост и почитување на Уставот.
Како пример: Пред 10-15 години Бундес лигата ги продаде правата на Еуроспорт. Што мислите на кој јазик се коментираше во Португалија, Шпанија, Унгарија или пак Франција?
И едно прашање во врска со јазикот: А, што ако беше на Бугарски?
И во онаа Југославија Таско, Каљо, Миленко, Вања, Зоки Михајловски, Ивко Панговски коментираа на Македонски. Бидејќи беше службен казик.
Одговорот е следен:
Секој што купил ексклузивни права за Македонија мора недвосмислено и без никакви преговори да коментира на Македонски јазик (значи наши спортски новинари) и поради интерес на друга бројна публика како што впрочем функционира АлСат-м (албанска и македонска редакција) коментирање на Албански мин 35% од вкупната програма со спортски коментатори од Македонија.
За жал, оние кои ги плаќаме даваат одговор кој не доведува во подредена ситуација која што финансиски се исплати само на Арена Спорт и нормално нашиот Телеком бидејќи овој спортски канал го има само таму, а оваа компанија само го подига бројот на претплатници и се однесува рамно на монопол (погледнете ги извештаите на АЕК од 2010, па наваму). Суштината на разбивањето монополи е во Must Offer до сите кои даваат услуги на крајниот потрошувач неговото височество Граѓанинот на Македонија“, пишува Грозданов во подолгото писмо.
Целото писмо на Грозданов на овој линк