Паневропски веб новински портал со седиште во Брисел кој информира за Европската Унија ги навреди Македонците и шефот на македонската држава.
Навредата се случува во текст посветен на посетата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на регионот за време на која се прави напор да се најде решение за спорот меѓу Бугарија и Македонија.
Во текстот наместо македонски се користи придавката северномакедонски а промашено е и името на претседателот на Македонија.
Автор на текстот е бугарски новинар кој е познат како човек кој шири говор на омраза кон Македонците кои според него за разлика од Курдите не се реална нација.
“Сега Бугарите отворено, и со злоба го навредуваат Македонија и Македонците: „… каде што ќе се сретне со неговиот северномакедонски колега Претседателот Владо Пендаровски“. Оваа статија е напишана од постар уредник на ЕурАктив”, пишува Џејсон Мико за текстот.
Во текстот иако Готев знае дека Пендаровски се вика Стево а не Владо и дека тој е Македонски а не северномакедонски претседател сепак пишува поинаку.
“Готев е добро познат бугарски националист, кој цело време го користи EurActiv за бугарска пропаганда и антимакедонски пораки. И очигледно, тој знае кои се Стево и другите. Штета што неговите пристрасни пишувања поминуваат како новинарство во некои кругови сè уште”, пишува холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван дер Берг.
Now the Bulgarians are openly, and with malice aforethought, insulting #Macedonia and the Macedonians: "…where he will meet with his North Macedonian counterpart President Vlado Pendarovski." This article written by senior editor of EurActiv. https://t.co/owseF5YQn9
— Jason Miko /////// (@JasonMiko) May 21, 2021
Порталот Еуроактив се уште не објавил извинување на Пендаровски и Македонците.
Според официјален извештај на порталот за 2017 година речиси една четвртина од приходите доаѓаат од одделот за информирање на ЕУ.