Отворен случај за убиство по пронајдената мртва охриѓанка

Случајот со пронајденото мртво тело, утрово, во објект во околината на Охрид, на стариот пат Охрид – Струга., истражните органи го водат како убиство. СВР Охрид соопшти дека на мртвото лице се констатирани трагин од насилство.

На 03.05.2021 во 08.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата. – информира СВР Охрид. ОхридЊуз