Отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ се коси и со Договорот за пријателство со Бугарија

Меѓу бурните реакции во Македонија за отворањето на бугарскиот „културен“ клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, именуван по сојузникот на Хитлер во Втората светска војна, се издвојува таа на твитерџијата „Џон Фалстаф“, кој укажува дека потегот се спротивен на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, потпишан на 1 август 2017 година во Скопје од тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов.

Конкретно, прекршен е членот 11, став 1, кој вели дека „ниту една од договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер“, како и на став 6, според кој „двете договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи“.