Сите што заминале во странство на подолго од три месеци, а претходно не пополниле соодветна пријава во полицијата, можат да бидат казнети.

За полицијата ова е прекршок кој во зависност од повеќе околности таа може да го наплати од 100 до 500 евра.

Најголемиот дел од граѓанитене знаат за оваа законска обврска.

На прашањето , знаете ли дека при заминување во странство подолго од три месеци треба да се одјавите, а потоа да се пријавите во полиција, повеќето граѓани одговорија со не и не знам.