Откриени македонски институции кои според Османи ја финансираат руската агресија на Украина (ВИДЕО)

Во новото вечерно шоу на Алфа ТВ Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит ги набројува најголем дел од македонските државни институции кои набавувале енергенси од руски компании и со тоа според официјалната владина политика која ја промовира Бујар Османи го поддржале Путин во нападот на суверена држава.

Предходно министерот за надворешни работи порача дека граѓаните што полнат гориво на бензинските станици на руската ,,Лук Пол” ја финансираат руската инвазија на Украина.

Илиевски вели дека повеќе владините институции набавувале руски енергенси иако според изјавите на Пендаровски и Османи уште во ноември знаеле за рускиот напад на Украина.

Дали Османи премолчел за ова или им кажал на владините и партиските колеги од ДУИ кои се на директорска позиција во државните институции да не набавуваат руска нафта и гас не е јасно.

Ако им кажал а тие сепак набавиле руски гас министерот и а сериозен проблем со својот партиски и министерки авторитет.

Ако не им кажал тогаш тој има два аршини, еден за граѓаните а друг за директорите на државните институции од ДУИ и СДСМ.

Целата емисија на Илиевски која од вчера започна да се емитува премиерно на Алфа на овој линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3174702372806405&id=280284355399866

Дилемите за корупција во набавките кои се случувале и се уште се случуваат од институциите и покрај ставот на Османи за поддршка на Путин се посебна приказна која треба да ја истражи Антикорупциската комисија.