Откриен убиецот на бугарската новинарка Маринова!

Романец со украински пасош е осомничен и притворен како потенцијален извршител на убиството на новинарката Викторија Маринова во Русе, дознава бугарската НОВА ТВ.

Во моментов полицијата проверува дали ДНК-то на мажот ќе се совпадне со трагите од местото на убиството.

Се очекува подоцна во текот на денот истражните органи да дадат дополнителни информации.

Остануваат две верзии за  мотивот за злосторството:  сексуален напад од случаен, непознат па дури ментално пореметен маж.

Според втората верзија – тоа да бил човек кој ја познавал и имал личен однос со неа.

По убиството на Маринова, реагираше и ген-секот на ОН Антонио Гутереш кој го осуди насилството над новинари, откако 3 новинари беа убиени во последната година дена.

Телото на 30-годишната новинарка беше пронајдено во саботата попладне покрај Дунав. Сите откриени предмети се испратени во Институтот за криминалистика, јавуваат бугарски медиуми.