Бразилски научници открија нов вид дождовна жаба во тешко достапна област во источна Панама, која е именувана по шведската активистка Грета Тунберг, пишува магазинот ZooKeys.
Жабата Pristimantis gretathunbergae, чии најблиски „роднини“ живеат во северозападна Колумбија, е пронајдена во паркот Дариен во Панама на планината Чуканти, опкружен со прашума.
Биолозите велат дека неговото зачувување е од витално значење за опстанокот на овој и другите загрозени видови.
Грета Тунберг често повикува на заштита на дождовните шуми на планетата.