Телевизијата Телма објавува дека е одложен летот од Будимпешта со кој за 3 дена во земјава требаше да дојдат кинеските вакцини.
“Со авион од Унгарија, имало најава дека вакцините од Кина ќе стигнат на 16-ти февруари на скопскиот аеродром. Датумот го најави и премиерот Заев, но планот е откажан бидејќи вакцините се уште не се подготвени во Кина”, објави Телма.
Според информациите на Телма, македонскиот контингент од Пекинг требало заедно да патува до Будимпешта заедно со унгарскиот контингент од 250 илјади дози и црногорската пратка од 150 илјади вакцини. Тие 600 илјади вакцини во Будимпешта би се поделиле за секоја земја посебно. Македонските 200 илјади вакцини и црногорскиот контингент потоа со ист авион на Визер требало да заминат прво за Скопје на 16-ти февруари, а потоа за Подгорица. Но планот и авионскиот вакцина мост е откажан.
Министерот Филипче телефонски за Телма тврди дека не постои таков договор за таков лет и не може да одговара по шпекулации за непостоечки работи.
Повеќе на Телма