Отфрлена кривичната за дивите платформи на Матка

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за дивите платформи на Матка.

Иницијативата за кривичен прогон ја иницираше Антикорупциската комисија поради сомневањата дека Беџети свесно и намерно не презел ништо за да го утврди правниот статус на бесправно изградените платформи.

Сепак, обвинителот утврдил дека во постапувањето на Беџети нема елементи на кривично дело, дознава Алсат М.