Осудените од „Диво Насеље“ бараат слободни викенди

Осудените за настаните во „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад бидејќи, според нив, им биле ускратени некои затворски привилегии како користење на отсуство надвор од установата познато како „викенд”, како и средба со брачниот партнер во „видувалната”.

Осудениците сметаат дека се дискриминирани во однос на други осудени лица коишто издржуваат казни со иста висина како и нивните, а веќе одамна им било оневозможено користење на истите погодности,јавува Слободен печат.

Арсим Бајрами еден од осудениците, кој затворската казна ја одлежува во затворот „Шутка“ за локалните албански медиуми изјавил дека уште пред 19 месеци поднеле барање за правата што им следуваат според законот.

„ Во целосна изолација сме. Не ни е понудена можност за ресоцијализација и убедени сме дека доколку не ни помогнат гласот на народот и претставниците на меѓународната заедница акредитирани во земјава, тогаш ќе продолжат да ни ги негираат сите права, а ќе ни биде нарушено и здравјето“ – вели Бајрами.

За штрајкот на осудените лица во случајот „Диво Насеље” реагираше и министерот за правда, Никола Тупанчески кој рече дека внимателно се разгледуваат нивните барања..

Доколку се утврди дека осудени лица за настаните во „Диво Насеље“, кои штрајкуваат со глад не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, изјави Тупанчески.