Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев реагира на информацијата дека за навреда од страна на судот бил осуден да плати 6000 денари на екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски.
Екс градоначалникот на Аеродром тужел затоа што Златев го нарекол соработник на криминалот.
,,Неколку пријатели ме бараа денеска затоа што се појавила објава дека сум осуден да му платам 6.000 денари оштета на Ивица Коневски затоа што сум го нарекол криминален соработник.
Искрено, со оглед на инфлацијата во земјава, овие 100 евра вредат колку една вечера со пријатели, па задоволството, ова според мое мислење, ништожнно залижано суштество да го наречете криминален соработник е огромно.
Ми беше задоволство да го наречам криминален соработник, оној кој по мое мислење е токму тоа.
Јавно и нудам на оваа мивка, која за 70.000 денари ги лиже сите фекалии кои ги изеде против ВМРО ДПМНЕ да и давам по 100 евра месечно, за да може да ја нарекувам како сакам!
Ќе се откажам од една вечера месечно за да се изживувам врз ова, според мое мислење, криминално суштество кое е лошо за нашата околина”, стои во реакцијата на Златев на судската одлука.