Заменици на директорите, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори…, 12 на број, вчера поднеле оставки на своите позиции во М-НАВ незадоволни од одлуките на тројцата директори за одолговлекување на испраќањето на школување во Данска на нови контролори на летање кои веќе ги поминале сите тестирања. Тие велат дека ќе ги повлечат оставките само во случај ако директорите веднаш не ја променат одлуката и не ги испратат осумтемина избрани на неопходната обука – пренесе МКД.мк.

Има многу сомневања за однесувањето на тројцата директори на државната компанија за следење на цивилниот авиосообраќај во Македонија М-НАВ, Фахрудин Хамиди, Миѓен Селмани и Влатко Крстевски, кои во неколку наврати се обидоа да ги дополнат селектираните листи, веројатно со нивни деца и препорачани лица од партиските штабови.

„Селекцијата е регуларно завршена и не постои реална причина или оправдување поради што процесот на обука сѐ уште не е почнат. Бараме управата на М-НАВ итно да донесе одлука за почнување на школувањето на селектираните кандидати за контролори на летање согласно рангирањето кое официјално ви е доставено како предлог од страна на комисијата за спроведување на селекцијата… Процесот се одвиваше транспарентно и професионално“, напишаа во писмото до директорите раководителите во оставка.

Целиот текст на следниот линк:
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/ostavki-vo-m-nav-vtoriot-eshalon-ne-se-soglasuva-so-odlukute-na-direktorite-vo