Оставката на Зоран Заев на местото премиер на Владата на Република Македонија треба да почека, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби.
„Имаме многу битни прашња пред нас во месеците коишто следат и сметаме дека заедно со Заев на чело на таа Влада ќе треба да ги заокружиме сите процеси, вклучително и испраќање на позитивен одговор на сите прашања коишто се дел од дијалогот со соседна Бугарија за да се откочи патот кон добивање на датум за првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговори за членството во ЕУ“, изјави Груби.
