„Советничката на Алтернатива во општина Чаир Нафие Селмани преку објава на Фејсбук информира дека на последната средба на централното раководство на партијата поднелa оставка од секаков ангажман во партијата Алтернатива.“ – извести весникот на албански јазик „Лајм“, пренесувајќи ја објавата на Селмани:
„Не сум реагирала до овој момент, убедена дека најголемото зло на Албанците е ДУИ, не сакајќи и да не му наштетам некому, кој е во помала мера виновник! Но, да се каже дека во Алтернатива немало кадри од редовите на жените, а да се зборува за некаков потенцијал, е непростлив срам. Доволно ќе биде да се погледне листата на штотуку избраните и ќе се убедиме дека нималку не е вистинито дека во Алтернатива нема жени, кои исто, ако не и многу подобро од сега избраните мажи би ги вршеле задачите и одговорностите на тие функции!“
„На последната седница на Централното претседателство поднесов оставка на секоја улога и на секој ангажман во партијата Алтернатива! Една од главните причини за мојата оставка е токму незастапеноста на жените во извршната власт! Поради некои правно – уставни норми, но и поради сликата пред меѓународната заедница, албанската жена е барем симболично застапена во политичкиот живот. Инаку, што се однесува до нашите политички партии, можеби и правото на гласање би им било ускратено на албанските жени!“
Home Македонија Оставка на советничка на Алтернатива во Чаир, поради „незастапеноста на жените“ –...