Останува енигмата за средбата меѓу браќата Заеви, Јанчев и Тодоров

Се уште нема демант од владата за средбата меѓу екс членови на ВМРО-ДПМНЕ И браќата Заеви.

Во сабота вечерта како што дознава Пресинг ТВ во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржала средба меѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и екс министерот Никола Тодоров од една и премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, од друга страна.

Јанчев ниту ја потврдува, ниту ја негира средбата.

„Немам коментар“, одговори кусо Јанчев на прашањето од Пресинг ТВ дали е точно дека се сретнале и за што разговарале.

Новинарите на пресингтв.мк се обиделе да добијат и од Тодоров и премиерот Заев, но тие не одговориле на телефонските повици.

Очевидци тврдат дека средбата се одржала во познатиот хотел „Сириус“,  во саботата вечер.

Пресингтв пишува дека јавноста се повеќе е присутна дилемата дали, по притворањето на Мијалков, е доведено во прашање двотретинското мнозинство за уставни измени.

” Во тој контекст, средбата во „Сириус“ се означува како градење стратегија за тоа како понатаму. Претставници на власта се децидни дека притворот на Мијалков, како и на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и екс-генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, нема да ја нарушат постигнатата „идила“, пишува пресингтв.мк

Премиерот Зоран Заев викендов беше во работна посета на Струмица.

Целата информација на пресингтв.мк