Остана само еден кандидат за шеф на Скопското вишо обвинителство

По повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, од трката за шеф на Вишото обвинителство во Скопје се повлече и вториот кандидат, Бурим Рустеми.

Своето повлекување Рустеми го објасни со малите шанси за победа.

Единствен кандидат остана актуелниот претседател Мустафа Хајрулаи, кој го водеше ова обвинителство во последните четири години, а пред една недела беше назначен за вршител на должноста.

Мустафа Хајрулахи по 6 години искуство од скопското Основно обвинителство во 2018 година доби унапредување во Вишото скопско обвинителство, и покрај конкуренција од 10 обвинители со поголемо искуство.

„Во изминатите четири години, Хајрулахи беше ретко споменуван во јавноста. Еден од ретките случаи беше во 2021 година, кога се откри дека Вишото јавно обвинителство на Скопје го држи предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не и го даваше на Скопска апелација.

Од тогаш до сега, Хајрулахи имаше и едно јавно интервју каде зборуваше за своите успеси и потенцираше дека за четворица обвинители утврдил дека ги одолговлекуваат постапките и побарал одговорност“ пишува Плусинфо.