Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бабоан Стефковски на социјалните мрежи објави дека заврши постапката за набавка на бесплатни училишни униформи за сите 6.800 ученици од општинските основни училишта на територија на Општината.

„Оваа учебна година за прв пат во историјата општината од сопствени средства обезбедува училишна униформа која за секој ученик ќе биде бесплатна.

Со реализација на овој проект ги намалуваме трошоците на родителите, а вооедно ја намалуваме класната разлика која се создава помеѓу учениците со што се постигнува степен на еднаквост помеѓу децата за време на престојот во училиштето.

Од денес во училиштата започнува евидентирање на учениците со цел утврдување на величината на униформата за секое дете по што ќе следува и доделување на униформите.

Реализацијата на оваа мерка доаѓа како исполнување на ветувањето дадено во мојата изборна програма“, напиша Стефковски на Фејсбук.