Министерот за надворешни работи Бујар Османи се придружи на осудите на потписот од рускиот претседател Владимир Путин на указот за признавање на независноста на Донецк и на Луганск.

„Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Донецк и Луганск како независни. Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Северна Македонија ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и за територијалниот интегритет на Украина“, порача Османи на Твитер.