Османи утре во Софија ќе го посети претепаниот Бугарин од Охрид

Министрот за надворешни работи Бујар Османи утре, заедно со бугарскиот колега Николај Милков, ќе го посети повредениот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид, јавува бТВ.

Средбата ќе се случи во недела во 11 часот, потврдиле од бугарското МНР.

Кристијан Пендиков, македонски државјанин со бугарски идентитет и секретар на организацијата „Цар Борис Трети“ во Охрид бил сериозно повреден откако бил претепан на 19 јануари.

Тој вчера итно со спшецијален лет синоќа бил пренесен во Софија и ќе биде опериран во понеделник.