Османи тврди дека Москва нема право да ја избрка македонската амбасадорка

Се огласија од македонското министерство за надворешни работи за случајот “Празна амбасада во Москва” од каде денеска е протеран единствениот дипломат на Македонија.

Од МНР велат дека ваквата одлука нема никаква основа.

„За претходното протерување на рускиот дипломат од Северна Македонија беа доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи. Оттука, денешниот потег на руската страна е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји“

Предходно Русија и врати на Македонија откако државава за четири месеци протера двајца руски дипломати.

Министерство за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека в.д. амбасадорката на Република Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во руското МНР, каде и’ била врачена Нота, со која вториот секретар во македонската амбасада се прогласува за „персона нон грата“ односно „непожелна личност“.

„Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Македонија во август оваа година.“ – велат од Министерство за надворешни работи на Руската Федерација.

Ова е втор случај само годинава руски дипломат да биде протеран од Македонија. Во мај месец земјава прогласи руски дипломат за непожелна личност со образложение дека го прекршил член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи. Еден месец подоцна, Русија возврати со иста мерка и на 10 јуни соопшти дека македонски дипломат од Амбасадата на Македонија во Москва е прогласен за непожелна личност.

Денешната реакција на Руската федерација доаѓа откако во август годинава, министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека земјава протерала руски дипломат без при тоа да каже од кои причини а со образложение дека станува збор за информација е од доверлив карактер.