Османи: Србија „да признае“ и да се покае

Во својот прв говор пред пратениците, новоизбраната претседателка на Косово, Вјоса Османи, рече дека Србија мора да преземе одговорност за „сè што стори на Косово и Метохија“.

Османи рече дека „правдата нема да се постигне се додека српските криминалци не бидат изведени пред лицето на правдата“.

Во исто време, како што вели, „мирот ќе се постигне само кога Србија ќе се покае“.

Таа порача дека дијалогот е вистинскиот пат, но дека Србија мора да биде одговорна за сè што е направено на Косово.