Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека со внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав постои можност за надминување на спорот со Софија. Според шефот на дипломатијата, од неодамна Бугарија го променила наративот, па сега, од идејата за „наметнување на еднострана апсолутна вистина“, преминала на почитување на правото на граѓаните сами да одлучат дали е за нив прифатлив тој наратив.

„Преку внесување на Бугарите во нашиот Устав тие ќе добијат можност да ги изразат својот идентитет и културните и историските атрибути. Македонија е позната по тоа што им дава можност на своите заедници слободно да се изразуваат и мислам дека тоа е патот напред. Преку внесување на Бугарите во нашиот Устав тие ќе добијат можност да ги изразат својот идентитет и културните и историските атрибути“, рече Османи.

Османи оцени дека „суштината на спорот со Бугарија” нема врска со процесот на приближување кон ЕУ.
„Овој спор нема врска со копенхашките критериуми и вредностите на ЕУ. Спорот се однесува на внатрешни прашања како јазикот и идејата за наметнување на апсолутна историска вистина кон луѓе кои не се подготвени да ја прифатат” – рече министерот.