Османи: Се консултираме со сојузниците од НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата во Полска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи со реакција за две паднати ракети во Полска.

„Загрижени сме од неодамнешните ракетни напади кои преминаа на територијата Полска. Целосна поддршка и солидарност со нашиот близок партнер Полска и сочувство до семејствата на жртвите. Се консултираме со нашите сојузници во НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата“, напиша Османи на Твитер.