Османи сака Законот за здруженија да се испрати до Венецијанската комисија

На заедничката прес-конференција со бугарскиот колега, министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи најави дека ќе ѝ предложи на Владата законските измени кои се однесуваат на регистрација на здруженијата да бидат испратени до Венецијанската комисија за да се утврди дали има спорни елементи во законите.

Во македонското собрание неодамна без ниту еден глас против, ниту воздржани, со 67 гласови „за“ беа изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња.


Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

Ќе ги сменат ли „извесни“ клубови имињата

За клубовите во двете земји, тој потенцира дека граѓаните имаат право да се здружуваат по секоја основа, но тоа мора да биде во духот на соработката и добрососедството.

„Но, ќе кажам јавно, тоа што се оспорени одредени прашања во самиот закон јас ќе предложам до Владата да го прати законот во Венецијанската комисија за таа да каже дали има елементи кои се спорни во тој закон или не“, рече Османи.

Одговрајќи на новинарско прашање дали во Благоевград ќе биде отворен и официјален македонски културен центар, Османи кажа оти по однос на ова прашање МНР на двете земји треба да ја водат соработката, за , како што повтори, да не дозволиме други да ни ја киндапираат агендата и да ни наметнат своја агенда.

„Затоа, не случајно спомнав дека културно-информативните центри во Скопје и Софија се начините на кои треба да се општат културите меѓу двете држави“, рече министерот Османи.