Македонија до пред неколку години организираше големи домашни и меѓународни настани со сопствени капацитети.
Инстуциите под контрола на владата и претседателот организираа самити на НАТО, погреби на Борис Трајковски, Киро Глигоров, Тоше Проески и големи регионални собири а сега власта плаќа ПР агенција за да организира завршна конференција на претседавањето со ОБСЕ.
Ако некогаш Македонија сама организираше се сега покрај логистиката и искуството на ОБСЕ владата ќе плати државни 100.000 евра за омилената владина агенција Рејтинг.
Со тоа министерот за надворешни работи Бујар Османи индиректно признава дека во последниве години со партизација неговата партија ДУИ и СДСМ ја довеле администрацијата во толку катастрофална ситуација што не може да организира една завршна конференција.
Сега од сметката на Министерството за надворешни работи, за рекламирање на претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Министерот за навдворешни работи потврди дека агенцијата на синот на екс функционерот на СДСМ Ѓорѓи, Никола Спасов, го добила тендерот.
Истовремено Османи признава дека агенцијата која има експертиза за истражување на јавно мислење и ПР е најмена за организација на конференција.
,,Не, тоа не е ПР, ОБСЕ претседавањето ќе заврши со најголемата конференција што било кога е организирана во Македонија. Над 70 министри за навдорешни работи ќе дојдат во Скопје, од министерот за надворешни работи на САД, на Русија, на сите европски земји, азиски земји ќе дојдат овде. И ние подготовките веќе ги имаме сериозно почнато”, изјави Османи.
Османи се пожали дека Македонија била пред тешка мисија, дека ја имале најтешката задача од независноста, па помошта за организација на таков голем настан ја нашле во Пи-Ар агенција.
,,Сето тоа треба да се организира, брендира на начин на кој што ги бара ОБСЕ стандардите. Тоа е најтешката операција која што оваа држава ја имала. Има меѓуресорско работно тело кое што уште од минатата година работи, во кое се претставници од МВР, од ТАВ, од Аеродроми, затоа што во еден час треба да слетаат 70 министри за надворешни работи”, изјави Османи.
Инаку, на крајот на минатата година агенцијата Рејтинг добила 50.000 евра од министерството на Фатмир Бесими за истражување на јавното мислење на активностите на Министерството за финансии. Претходно добија и 400.000 евра за организација на винскиот саем Отворен Балкна во Белград.