„Простор за ширење на српскиот хегемонизам” е оценката на претседателката на Косово, Вјоса ОсманиВјоса Османи, за иницијативата „Отворен Балкан„ покрената од премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Танјуг.
На денешната прес-конференција со претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој престојува во официјална посета на Приштина, Османи рече дека „би било поинаку доколку Србија беше држава која се стреми кон мир и стабилност и доколку го признаеше Косово”.
За нас „Отворен Балкан” претставува простор за ширење на српскиот хегемонизам. Во моментов Србија, која настојува да ја игра главната улога во иницијативата, нема добри намери во однос на нашиот регион. Би било поинаку доколку Србија беше држава која се стреми кон мир и стабилност и доколку го признаеше Косово. Сé додека се труди Косово да го вклучи во иницијативта како своја покраина – додека реалноста е сосема спротивна, бидејќи Косово е независна и суверена држава – нормално дека една таква иницијатива не служи на интересите на нашата држава, но ниту на регионот, изјави Османи.
Официјална Приштина, рече таа, смета дека „Отворен Балкан” би се претворил „во чекалница за ЕУ и би им дала аргумент на скептиците внатре во Унијата за да не остават уште долго време да се занимаваме еден со друг, наместо да ни се отвори нашата европска перспектива”.
Османи потврди дека со нејзиниот словенечки колега имаат различни мислења околу „Отворен Балкан”, но нагласи дека на таа тема разговарале „со обострана почит”.
Изјавата на Османи доаѓе вегнаш по она на Еди Рама дека би гласал „за“ на референдум за обединувае на косово со Албанија.
Марити Ахтисари, во еден период беше Специјален пратеник за Косово и Метохија