Османи: Отказ за двајца дипломати, не го поминале ветингот во МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, соопшти дека на авајца дипломати ќе им биде раскинат работниот договор затоа што немаат безбедносен сертификат од безбедносните служби.

„На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. 

Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот“, рече Османи на денешната прес-конференција на која ги соопшти првите резултати од почетокот на ветингот во МНР.

Министерот рече дека тие не се од групата на дипломати за кои Ерменија издаде меѓународна потерница преку Интерпол.